ФИФА не е задоволна од квалитетот на фудбалот и нејзините правила кои се веќе застарени и сака да воведе многу измени. Тие веќе беа пробани на два аматерски натпревара во Холандија, далеку од очите на јавноста. Изведувањето корнер, аут и пенали се три нови идеи на ФИФА. Двата аматерски тима Лисе и Куик Бојс одиграа натпревар во кој се спроведуваа новите правила. На средбата присуствуваше директорот на технолошкиот развој на фудбалот од ФИФА, Марко Ван Бастен.

Корнерот ќе нема потреба да го изведуваат двајца играчи, туку ќе може и еден. Аутот нема да се изведува со рака, туку со нога како и корнерот. Третото ново правило е пеналот кој нема да биде досудуван ако немало чиста шанса за гол, туку ќе се суди како фаул во казнениот простор. Сите овие правила имаат за цел да се забрза фудбалската игра, а најпрво се очекува овие правила да се воведат во елитното холандско натпреварување.

Сафет Адеми

Shpërndaj me