Екипата на ФК Шкупи ги претстави најновите засилувања во јануарскиот преоден рок. Се работи за играчот за врска, Стефан Вујчиќ и напаѓачот, Баже Илијоски. Вујчиќ потпиша шестмесечен договор, со опција за продолжување на една година, додека Илијоски потпиша договор од година и пол. Претходно, за екипата од Чаир потпишаа Благоја Љамчевски од Пелистер и играчот за врска Рон Броја од Трепча 89.

Shpërndaj me