Македонија го подобри кредитниот рејтинг од негативен во позитивен. „ФИЧ“ ја оцени земјава со ББ позитивен. Според меѓународната агенција, на подбрувањето на рејтингот влијаеле политичката стабилизација, подобрувањето на меѓународните односи, напредокот на реформите во план „3-6- 9“, како и активностите што во изминатиот период ги спроведе Специјалното јавно обвинителство околу прислушуваните разговори. Според дел од економските експерти овој рејтинг е прв предзнак на подобрување на климата, но далеку сме од конкретните резултати. Фатмир Бутиќи смета дека рејтингот е аларм за будење на политичарите – вели дека владеењето на правото се уште е слаба алка, а честото менување на законите Македонија дополнително ја прави нестабилн за нови странски и домашни инвестиции.

„ Домашните инсвеститори и понатаму се соочуваат со ликвидност, несигурност во нивното работење, посебно оваа Влада покажа знаци на неможност да се справи со даночната политика како и друга промена на Закони кои може да влијаат во работата на компаниите. Секој месец има најави за менување на Закон по што следи одлагање на спроведување на мерките. Во таква состојба не може да се очекува инвеститори да влезат овде.“ – вели Фатмир Бутиќи – економски аналитичар

Решението со името според Бутиќи би дала сигурност за новите инвеститори ,но и отворање на нови можности и пазари кои позитивно ќе влијаат врз земјава.Според меѓународниот извештај добар сигнал е и тоа што Владата го намали Буџетскиот дефицит од 2,9 на 2,7 од БДП – то. Фич оцени и дека државниот долг лани изнесувал 49,2 отсто од БДП -то а вкупниот јавен долг е 47,4 што е прво намалување на Јавниот долг по девет години. Во извештајот стои и дека земјава сеуште има висок степен на невработеност од 22 отсто. Од „ФИЧ“ очекуваат дека годинава домашната економија ќе има раст од 3,1 отсто а за наредната година 3,3 отсто.

Верица Павлоска

Shpërndaj me