ФИБА ја предупреди Кошаркарската Федерација на Косово во врска со салата каде Косово ќе ги игра натпреварите како домаќин во рамките на квалификациите за Мундијалот во Кина во 2019 година. Забелешката се однесува на фактот дека се уште не започнала градбата на Домот за млади и спорт во Приштина. Косово на 23 ноември ќе игра како домаќин со Литванија и треба да заврши со работите околу салата три недели порано. Косовските медиуми пишуваат дека ништо не е преземено во оваа насока.

Shpërndaj me