Тренерот на младинската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, пред квалификацискиот натпревар со Австрија кој се игра утре во Скопје, истакна дека овој меч треба да биде пресвртот за понатамошни добри резултати. За дуелот го покани и Елиф Елмаз.

За оваа селекција главната цел е подобрувањето на редоследот и конкурентноста со другите земји за евентуален пласман на следното европско првенство. Селекторот додава дека сите средби имаат ист притисок.

Инаку, Македонија по три натпревари има три бода и е на последната позиција во седмата група. Австрија од четири средби има шест поени. Дуелот се игра на арената „Филип Втори“ со почеток од 13 часот.

Сафет Адеми

 

Shpërndaj me