Месец и половина од почетокот на новата учебна година многу средни училишта во земјава и понатаму се соочуваат со недостиг на книги по разни предмети. Од Унијата на ученици Албанци апелираат до Министерството за образование брзо да се реши овој проблем, но и да се корегираат грешките кои и понатаму остануваат во наставните единици.

Апелираме до Министерството за образование и надлежните органи на учениците Албанци да им обезбедат книги, како што имаат сите останати ученици. Исто така, дел од книгите кои ги поседуваме се многу оштетени, а да не зборуваме за грешките кај книгите по географија и историја“. – изјави Валон Ејупи, УУА

Недостигот на книги не ни дозволува да учиме. Професорите имаат задача да го дадат само скелетот на наставата, а останатите делови треба ние самите да ги учиме, но тоа е невозможно кога немаме книги“. – вели една ученичка во Зеф Љуш Марку

Учениците исто така се жалат и за нецелосно преведување на книгите. На пример, во книгата по историја на албанскиот јазик за втора година многу наставни единици не се воопшто преведени.

Има многу книги кои се донесени на македонски јазик како информатика за вторите години, нема превод на албански јазик. И книгите по историја имаат многу страници кои се само на македонски“. – изјави ученичка од Зеф Љуш Марку

И директорите на средните училишта признаваат дека има недостиг на книги. Се правдаат дека навремено биле поднесени барања за точниот број учебници, но досега од Министерството за образование останале без одговор.

Има недостиг на книги, делумно имаме книги, но најмногу недостигаат во стручните насоки за кои се уште од Министерството за образование немаме повратен одговор за да ни соопштат како стојат работите со овие книги“. – вели Бедри Ѓуреци, директор на С.Г.У. „Сарај“

Од Министерството за образование одговараат дека знаат за проблемите и најавуваат дека набрзо ќе се решат откако ќе завршат постапките со компаниите кои ќе ги печатат и дистрибуираат учебниците.

Мелихате Рустеми

Shpërndaj me