Основните и средните училишта ги прават последните подготовки за екстерното тестирање кое треба да се одржи во првата недела од јуни. Во меѓувреме, вчера парламентарната група на СДСМ поднесе во Собранието иницијатива за измени во Законот за основно и средно образование, а во кој се предвидува поништувањето на екстерното тестирање. Директорите на училиштата велат дека се обврзани да го почитуваат актуелниот закон, додека евентуално новата влада не извеши некакви промени.

„Учениците и наставниците повеќе се надеваат дека Владата ќе го укине законот за екстерно тестирање и оти нема да се одржи бидејќи имаат лоши искуства од минатите години. Подготовките ги започнавме и следната недела ќе бидеме спремни за екстерното, а ќе чекаме да видиме што ќе се случи со новата влада.“ – вели Енис Мемети, „Петар Здравковски Пенко“

Во меѓувреме, учениците со кои зборувавме ни рекоа дека се надеваат оти полагање ќе нема веќе од оваа учебна година.

„Јас ги видов прашањата кои беа објавени на интернет, ги прочитав малку, но не ги фотокопирав или учев бидејќи дојде веста дека е формирана влада и дека екстерното ќе биде укинато. Не беше добро бидејќи расипа многу оценки и имаше многу грешки во прашањата.“

„Почнавме да се подготвуваме, но разбравме дека можеби нема да се одржи екстерното тестирање и сега сме радосни“.

„Многу добра вест. Минатите генерации страдавме, но се надевам дека идните генерации нема да страдаат.“

„Пет години се одржува екстерното тестирање, многу лошо минавме, како ние, така и професорите“. – велат учениците

Слични одговори имаа и некои родители. Велат дека екстерното тестирање било стресно за учениците.

Во меѓувреме од Државниот испитен центар веќе ги објавија датумите кога ќе се полага екстерното тестирање. Тоа се 5, 6, 8 и 9 јуни и тоа за учениците од шестто одделение основно, до третта година средно образование.

Мелихате Рустеми

Shpërndaj me