Уставниот суд ја укина одредбата од законите кои забрануваа исплата на субвенции за земјоделците. Според уставните судии, оваа одлука е укината затоа што е нејасна, непрецизна и спротивна на член 8 од Уставот, кој се однесува на владеење на правото како темелна вредност на уставниот поредок и доведува до правна несигурност во правниот поредок. Според судиите, законодавецот ниту во оваа одредба, ниту во други закони не го дефинирале поимот располагање со пари на Буџетот. Според нив, делот располагање со јавни финансии  е непрецизна. Од Уставниот суд велат дека оваа одлука стапува на сила по објавувањето во Службен весник.

„По официјалното објавување на одлуката во Службен весник таа стапува на сила и Министерството за финансии ќе пристапи кон исплата на субвенциите, согласно динамиката предложена од Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделството“, велат од Финансии

А, директорот на Агенцијата Игор Златков вели дека не треба тој да ја прави динамиката на исплата, туку Министерството за финансии треба само да си направи динамика како ќе ги исплаќа парите за субвенции. Златков вели дека до сега, до Финансии испратил потпишани налози во врдност од околу 50 милиони евра, а до крајот на неделава треба да ги допотпише налозите за исплата на вкупно 84 милиони евра за исплата на субвенциите за земјоделците. Од Министерството за финансии не кажуваат детали на кој начин ќе ги исплаќаат субвенциите, а не одговорија и дали министерот во заминување Кирил Миноски ќе ги исплати или пак оваа обврска ќе ја остави на неговиот наследник од новата Влада.

Верица Павлоска

Shpërndaj me