Собранието попладнево со само 61 глас „за“, двајца против и ниту еден воздржан го усвои ребалансот на Буџетот за годинава. На гласањето, во знак на протест не присуствуваа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ зашто, како што рекоа, мнозинството не покажало демократија и ги отфрлило сите поднесени амандмани.

Од опозицијата рекоа дека Владата скратила многу фондови предвидени за капитални инвестиции, но од власта одговорија дека се скратувата само непродуктивни проекти. По оваа седница, за утре се очекува на дневен ред да дојде точката за разрешување на јавниот обвинител, Марко Зврлевски.

Shpërndaj me