Потенцијалните инвеститори во мали хидро и во фотоволтаични централи и ветерници можат многу побрзо и полесно да ги реализираат своите проекти за разлика од пред четири години. Преку проект на Американската агенција за меѓународен развој се поедноставуваат законските процедури за инвестиции во обновливи извори на енергија. Целта на проектот, вреден 2,3 милиони долари е да се зголеми производството на чиста енергија и да се намали загадувањето.

Диверзификацијата на снабдувањето со енергија, постигнување поголема искористеност на обнoвливите извори на енергија и зголемување на домашното производство на енергија, не само што ги намалуваат емисиите на стакленички гасови, туку и помагаат да се обезбеди континуираност во снабдувањето со електрична енергија на домаќинствата и компаниите во Македонија и помагаат за непречена транзиција на земјата кон нискоемисиона, конкурентна економија.“ – изјави Дејвид Атебери, Претставник на УСАИД во Македонија

Shpërndaj me