Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, утре ќе допатува во Македонија. Во неговата посета како дел од балканската турнеја, планирана е средба во четири очи со претседателот Ѓорѓе Иванов. Фокусот на разговорите ќе бидат мигрантската криза и справувањето со неа, како и актуелната политичка состојба и европските перспективи на земјата. Во агендата на Туск, не е предвидено средби со претставници на политички партии. Иако не можат да се добијат повеќе информации од кабинетот на Иванов, за разлика од пред 10-тина дена кога тој одби да ја прими европската четворка Хан, Вајгл, Кукан и Флекенштајн со образложение дека нема ништо ново да соопшти, утре средба Иванов – Туск сепак ќе има.

Симонида Кацарска од Институтот за Европска политика, не очекува наскоро разрешница на политичката криза по посетата на Туск, напоменувајќи дека клучните пораки беа дадени уште при посетата на Федерика Могерини и Хан, но од тогаш ништо значајно се нема променето. Според неа, чекор напред е само почнувањето со работата на Собранието, кое во моментот е заглавено.

“Сигурно ке стане збор за политичката криза, но во однос на поделбата на надлежностите во рамките на европските институции, мислам дека ние врвот на форма на притисок или нивно влијание го доживеавме околку посетата на Могерини и потоа на Хан. Мислам дека средбата со Туск ќе биде фокусирана на мигрантите, ќе биде повторена потребата од решавање на политичката криза преку давање на мандатот и СДСМ да ја формира владата бидејќи тоа е униформен став кој го чувме од земјите членки на ЕУ. Меѓутоа, не би рекла дека тоа ќе биде клучното прашање на дискусија. “ – изјави Симонида Кацарска – Институтот за Европска политика

Како што напоменува Кацарска, премногу време е залудно потрошено околу улогата на претседателот Иванов во политичката криза. Таа смета дека странските дипломати и Туск се надеваат дека Иванов можеби ќе ја промени одлуката за доделување мандат поради како што вели „досието“ кое го има од претходно, алудирајќи на аболицијата која се случи поради меѓународен и домашен притисок. Но, за неа овој пат, промената на одлуката на Иванов ќе оди многу потешко, иако стигнаа поради од многу страни дека тоа треба да биде сторено.

Алсат М

Shpërndaj me