Полигоните за фрлање секира кои за прв пат се отворија во САД, се проширија во многу земји од светот. Причината за успехот е, како што викаат уживачите во оваа дисциплина, е за да го избегнат стресот. Веќе има и лига каде може да се добие светски првак. Светската лига во фрлање секира почна во САД, Канада, Бразил и Ирска, во 15 града меѓу кои е и Чикаго. Инаку, на светското првенство во фрлање секира во вкупно осум кола ќе се натпреваруваат 1.000 натпреварувачи. Најдобрите од првите седум кола каде ќе има 40 фрлања на ден, ќе настапат на турнирот во последната недела. Победникот во ова натпреварување ќе освои 3.500 американски долари.

Shpërndaj me