Само три непоразени екипи во седмото коло од машката ракометна Лига на шампионите. Веспрем и официјално е надвор од оваа листа бидејќи во Париз мораше да се предаде. Во А групата, Вардар и Рај Некар моментално ги чуваат првите две позиции, додека разликата меѓу нив е дека „црвено-црните“ имаат еден нерешен натпревар, додека Германците три. Инаку, Монпелје е единствениот клуб кој од седум натпревари има исто толку победи.

Екипата на Металург го загуби и вториот натпревар со францускиот тим Монпелје, но сепак тоа беше натпревар со одлични акции. Два од петте најдобри гола оваа недела од се дуелот Монпелје – Металург. Погодокот постигнат од гол на гол беше избран за потег на неделата додека акцијата помеѓу Гулета и Илиќ беше меѓу првите пет акции.

Голманот на Вардар, Арпад Штербик повторно е меѓу најдобрите голмани во Европа. Овој пат, телевизијата ЕХФ го рангираше во првите пет одбрани од седмото коло. Имено, Штербик против Загреб имаше вкупно 17 добри одбрани додека две од нив завршија меѓу најдобрите потези во лигата.

Сафет Адеми

Shpërndaj me