Повторно е одложено рочиштето за Тотал. Адвокатите на Драган Павловиќ Латас, Анита Бегова и Светлана Савиќ побараа сите следни судски рочишта да се снимаат тонски и визуелно со цел да се отстрани секаков сомнеж во постапката.

Причината за ова е бидејќи во записникот од претходното рочиште нивните зборови не биле доследно пренесени. Претходно, на нивно барање, но и на Латас, не беше дозволено на телевизиските сниматели да направат инсерти пред почетокот на рочиштето за овој случај на СЈО, во кој тој е осомничен за даночно затајување.

Новинарските екипи имаа дозвола од Врховниот суд за снимање. Следен термин за продолжение на Тотал допрва ќе се утврдува, со оглед дека како што напомена судијката Гаврилова – Ефремова, само големата судница број 1 во Кривичниот суд може да ги исполни условите што ги бара одбраната, па мора да се направи проверка за слободен термин.

Токму во таа просторија веќе има закажано судски рочишта за обвиненијата на СЈО.

Драган Павловиќ Латас е осомничен во предметот Тотал за затајување данок како сопственик и управител на фирмите Тотал маркетинг, Медијамакс и Тотал медија центар.

Shpërndaj me