Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон ги повика земјите од мултинационалната коалиција која се бори против Исламската држава во Ирак и Сирија да се ангажираат за пораз на милитантите. „Крајот на големите воени операции не значи дека сме стигнале до конечен пораз “, изјави Тилерсон пред членовите на коалицијата, собрани во Кувајт. Тој рече дека борците на Исламската држава го изгубиле териториите кои ги контролирале во Сирија и Ирак, но додаде дека оваа група „останува сериозна закана за стабилноста во регионот и другите делови на светот“.

Shpërndaj me