Поддржувачите на Билал Касами познат како „тетовски погон“, протестираа денеска попладне пред ординацијата на пратеникот на оваа партија, Неџбедин Кахремани. Кахремани неодамна, од „скопскиот погон“ на Движењето беше назначен за вршител на должноста претседател на БЕСА, до Конгресот предвиден за 24 февруари. Демонстрантите притоа побарале од него да се откаже од пратеничкиот мандат, а на транспарентите кои ги држеа во рацете, го нарекуваа предавник на движењето. Иако протестот беше мирен, сепак, ординацијата беше чувана од голем број полицајци.

„Го повикуваме господинот Неџбедин Кахремани да ги почитува органите на партијата и да се позиционира на страната на претседателот Билал Касами, во спротивно нека поднесе оставка од функцијата пратеник на Движењето БЕСА“. – изјави еден од демонстрантите

Демонстрантите велат дека изјавата на Кахремани од пред неколку дена дека добивал закани од разни личности, ја нарекоа клевета.

„Ова се шпекулации, вие сте сведоци дека и денешната активност е мирна и демократска. Сите закани сигурно ги пријавил и органите на редот ќе преземат мерки, но како што гледате ова е се основа на шпекулирања на медиумите кои се контролираат од луѓето кои ги прават овие работи“. – изјави Абдуш Демири, портпарол на Движењето БЕСА

Ова е втор пат како пратеникот Кахремани посочува за закани кон него и неговото семејство за да се повлече од пратеничката функција. Вчера кога по прв пат тој објави дека добил закана по животот, изјави дека случајот го пријавил во полиција. Но, службите на МВР за Алсат М, изјавија дека до овие моменти, во ниту една полициска станица не фигурира пријава од страна на Кахремани дека имал закани. Инаку, во Управниот суд до овие моменти се уште не пристигнала тужбата најавена од поддржувачите на пратеникот Кахремани, со цел озаконување на позицијата в.д. претседател на БЕСА. Во текот на денот, членови на Движењето БЕСА изјавија дека во однос на тужбата ангажирале адвокати за да го водат предметот.

Башким Сулејмани

Shpërndaj me