Македонски Телеком и Град Скопје донираа медицински апарати за Институтот за белодробни заболувања во Козле. Апаратите се во вредност од 10 илјади евра. Донацијата е реализирана од средствата кои беа планирани за дочек на Новата Година и кои потоа беа пренасочени за хуманитарни цели.

Заедно со Град Скопје донесовме правилна одлука, средствата кои беа предвидени за дочек на Нова Година ги пренасочивме за донација на медицински апарати со кои ќе се подобрат квалитетот и здравјето на децата. Го избравме Козле, бидејќи е единствена институција од таков вид во земјава, каде дневно се лекуваат над 200 деца“, изјави Андреас Елснер, генерален директор на Македонски Телеком

Директорот на болницата во Козле, рече дека оваа болница секогаш има потреба за нова апаратура која ќе помогне во подобрување на квалитетот на лекувањето и на здравјето на децата, но има потреба и од 20 медицински сестри.

Андоновски рече дека со овие апарати ќе се намали и времето за чекање, бидејќи ќе се овозможува терапија на поголем број пациенти. Годишно во болницата во Козле се лекуваат околу 40 илјади пациенти, претежно деца.

Валмира Зендели

Shpërndaj me