Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас во интервју за „Радио Марка“ потврди дека Ел Класико на 23 декември ќе се игра од 13 часот. Причина за ова се телевизиските права кои се продадени во Азија, од каде бараат да се игра порано од вообичаениот европски термин. Лани, најголемото дерби на светот се играше преку ден односно во 16 часот. Кинеските медиуми се главна причина за овој термин бидејќи со овој фудбалски дуел би го завршиле фудбалскиот календар за 2017 година во Азија. Инаку, овој натпревар се очекуваше да се игра во среда на 20 декември, но Реал побара да се одложи за три дена бидејќи постои можност да играат на Светското клупско првенство, кое ќе се одржува во Обединетите Арапски Емирати од 6 до 16 декември.

Shpërndaj me