Претседателот на Косово, Хашим Тачи во интервју за „Гласот на Америка“ рече дека одлуката за формирање на Специјален Суд е на сила и ги нарече непотребни, претерувањата по ова прашање создавајќи паника кај граѓаните во оваа земја. Тој понатаму вели дека овој процес кој го водел со посветеност за да се формира овој суд, иако историско неправедно, го направил само за да се зачува партнерството со САД, ЕУ и НАТО.

Реално Косово не било, не е и нема да биде против системот на правдата. Косово докажала најдобра соработка од сите поранешни југословенски земји со Хашкиот трибунал, предавајќи се доброволно во првите обвинувања кои се случија, иако потоа беа докажани дека се невини сите кои беа обвинети“. – изјави Хашим Тачи- претседател на Косово

Shpërndaj me