Претседателот на Косово, Хашим Тачи го повтори ставот за трансформација на Косовските безбедносни сили во армија. Тој додека зборуваше на отворањето на Неделата на жената, истакна дека трансформација на КБС, демаркацијата со Црна Гора и интегрирањето на Косово во Европската Унија се неопходни. Во присуство на американскиот амбасадор во Косово, Грег Делавие, кој се спротивстави на формирањето на армијата преку законодавни иницијативи, Тачи рече дека армијата ја поздравува апсолутното мнозинство во Косово, освен забелешките на пријателите на Косово за методологијата и хронологијата. Според него, трансформацијата на КБС нема да биде за еден ден или само со еден Закон, туку овој процес ќе трае со години. Тачи ја повика меѓународната заедница да изврши притисок врз Белград, Српската листа да не ги бојкотира косовските институции и процесите. Тој рече дека ако Српската Листа не се врати во Собранието, Косово има план Б за армијата.

„Ние ја имаме истата цел и визија со САД и со НАТО за основање на косовски вооружени сили. Секако дека постојат опции за тоа дали треба да се движи со Закон или со уставни измени, и ние ги фаворизираме уставните измени, но нема да останеме заложници на расположението на Белград. Доколку ова не влијае во позитивна смисла кај Српската Листа, ние ќе се движиме со планот Б … Зад сето она што сме го изјавиле стоиме 100%“. – изјави Хашим Тачи, претседател на Косово

 

Shpërndaj me