Косовскиот претседател Хашим Тачи предупреди дека нема да се смилува кон оние кои се екстремисти и се обидуваат да го сменат начинот на живот во една земја.

Во предновогодишното обраќање пред припадниците на Безбедносните сили на Косово (БСК), тој рече дека Косово, како и многу западни земји е погодено од фундаменталистички елементи, но дека косовските институции успешно се соочиле со таа опасна закана.

– Кој и да биде и во иднина, ќе бидеме бескомпромисни кон оние кои се обидуваат насилно да ги менуваат нашите традиции, култура и начин на живот. Оние кои потпаднаа под екстремистичката и терористичка идеологија безмилосно ќе се соочат со силата на законот, порача Тачи.

Тој во своето обраќање, на војниците им порача дека тие го направиле гордо цело Косово.

– Горд сум и многу привилегиран што сум денеска пред Вас, бидејќи вие со Вашата ангажираност и постигнувања ги направивте горди вашите семејства и цела Република Косово, посочи Тачи.

Shpërndaj me