Претседателот на Косово Хашим Тачи денеска изјави дека дијалогот меѓу Белград и Приштина би можел да продолжи во септември и оцени дека таквите разговори ќе влезат во нова фаза, чија цел е целосна нормализација на односите.

Тој за швајцарскиот весник „Блик“ наведе дека треба да се стигне до помирување и оти дијалогот нема алтернатива.

Министерката без ресор во косовската Влада, Едита Тахири посочи дека дијалогот ќе придонесе за евроатлантските интеграции на Косово и за воспоставување на добрососедски односи со Србија.

Shpërndaj me