Апелацискиот суд денеска се очекува да одржи пет седници на кои ќе ги разгледува жалбите што ги поднесоа од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), но и обвинетите во нивните предмети.

Жалбите стигнаа до второстепениот суд откако кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1, за дел од лицата опфатени во предметите на СЈО ги прифати, за други одби побараните мерки на претпазливост, а за некои пак, наместо притвор одлучи да им се одземат пасошите.

Тимот на Катица Јанева ги обжали сите одлуки, меѓу кои и оние со кои без патните исправи останаа Никола Груевски, Миле Јанакиевски, Гордана Јанкуловска, Мартин Протуѓер и Кирил Божиновски. За нив, обвинителите бараат притвор.

Shpërndaj me