Тим на Катица Јанева во посета на Медиа Принт Македонија, под чија капа се дневните весници „Дневник“, „Вест“ и „Утрински весник“. Подетални информации зошто е СЈО во оваа медиумска куќа нема. Од таму само кратко потврдуваат дека истражители биле во МПМ, но поради тајноста на предистражната постапка не можат да соопштат детали. Специјалното обвинителство влезе во оваа медиумска куќа додека вработените денеска почнуваа штрајк поради неисплатена јануарска плата. Иако пробале да стапат во контакт со менаџментот вработените во овие три весници не биле повикани на средба. Така и паднала одлуката да се штрајкува. Необјаснливо за нив било зошто главните уредниците биле повикувани во „Орка Холдинг“ да ја објаснат состојбата во весниците, кога најбогатиот Македонец кој е инаку газда на оваа фирма, бизнисменот Орце Камчев, го продал уделот во МПМ уште пред два месеца.

„Управниот одбор на „Орка холдинг“ донел одлука на 12-ти декември 2016 година и одлуката била реализирана на 31 декември 2016 година што и формално правно значи дека „Орка холдинг“ била надвор од компанијата“.- вели Љубиша Станковиќ, Претседател на синдкикат на „Утрински весник“

Вчера и официјално „Орка холдинг“ соопшти дека го продала својот удел во фирмата „Графички центар“ ДОО Скопје сопственик на МПМ по номинална цена. Платите заклучно со 31.12.2016 година биле исплатени, а во наредните денови ќе ја подмиреле и заостаната јануарска плата.

Бојан Стојановски

Shpërndaj me