Претседателот на Олимпискиот комитет на Русија Александар Жуков изјави дека на руските спортисти ќе им треба време за да одлучат дали ќе учествуваат на Зимските олимписки игри во Пјончанг. Меѓународниот олимписки комитет вчера го суспендира Олимпискиот комитет на Русија бидејќи поседува докази за „систематска манипулација“ на олимпискиот антидопинг систем. Но, на руските спортисти им е дозволено да учествуваат на Игрите. Тие ќе можат да се натпреваруваат како неутрални спортисти под името „Олимпијци од Русија“, без државно знаме и химна. Рускиот претседател Владимир Путин неодамна изјави дека би било понижувачко спортистите на таа земја да се натпреваруваат без националните симболи.

Shpërndaj me