Луксузот во Обединетите Арапски Емирати нема граници. Деновиве една авио компанија од Дубаи го претстави супер-луксузниот авион Боинг 777, инспириран од класата Ц на Мерцедес Бенз. Авионот поседува шест приватни простории од прва класа опремени со виртуелни прозорци за патниците да не пропуштат ниту еден детал од летот.

Прозорците даваат панорама надвор од авионот во реално време благодарение на една нова иновативна камера преку која се прикажуваат инсерти на целиот простор каде се наоѓа авионот. Патниците имаат електрична опрема со која услугата во собата можат да ја бараат од нивните удобни седишта. Што се однесува до седиштата, произведувачите велат дека тие се направени со технологија на НАСА.

Се обидовме да направиме приватен и мирен амбиент. Патниците можат да спијат, работат, јадат, да гледаат филм или можат да прават било што друго“, вели Тим Кларк- претседател на воздушната компанија „Емирати“.

Покрај овие луксузни соби бордот на авионот Боинг 777 има кабинет за бизнис и економска класа. Најновиот авион на Емирати во комерцијална услуга ќе влезе од 1 декември.

Шефкије Аласани

Shpërndaj me