Министерството за финансии тактизира и не кажува дали по утрешната конечна одлука на Уставниот суд ќе почне сo исплатата на субвенциите за земјоделците. Од таму не откриваат и детали дали сите потпишани налози ќе се исплаќаат наеднаш или сепак ќе се оди етапно.

МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ:

Доколку конечната одлука на Уставниот суд дозволува законска исплата на  субвенциите, министерството ќе пристапи кон исплата на субвенциите согласно динамиката утврдена од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството.“

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството Игор Златков вели дека до финансии испратиле потпишани налози во вредност од 16,2 милиони евра. Според Златков сега на потег се финансии бидејќи тој својот дел од работата ја има завршено. Инаку, додека надлежните институции си ја префрлаат одговорноста, земјоделците едвај составуваат крај со крај. Велат, новата реколта наместо со пари од субвенциите ја садат на вересија и не знаат дали парите ќе им се вратат.

„ Ниту нам не ни пуштија никакви субвенции, чекаме можеби ќе ги пуштат, но нема субвенции, не знаеме сега каде е проблемот Секоја работа чини. Ако не ти помага државата, тогаш треба сам. Ако имаш можности добро, а ако немаш, тоа е тоа..

“Ама какви планови имаат, тие си знаат. Секогаш играле со земјоделците, и пак играат, се знае тоа“, рекоа анкетираните граѓани.

Заради немање пари дел од земјоделците не ги засадија нивите со пролетни култури. Намалување на откупот и продажба на земјоделски производи регистрираше и Државниот завод за статистика. Во првиот квартал од годинава, за 14,2 отсто е намален откупот и продажбата на земјоделски производи, а за цели 30 отсто е намален откупот на земјоделски култури кај индивидуалните земјоделци.

Верица Павлоска

Shpërndaj me