Владата почна со примена на законските одредби од Планот за економски раст иако законот уште не е готов. Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев потврди дека турска компанија е прва која почнала да ги користи бенефициите што ги дава државата за поддршка на стопанството. Според него, нема никаков проблем во тоа што законот не е донесен, а веќе почнала негова имплементација.

За да не се спречи функционирањето на компаниите и нивното инвестирање во ТИРЗ сè додека не се донесе законот и понатаму поединечно со сите компании ќе се потпишуваат договори во согласност со одлука на Влада, но не со дискрециски права, туку по истите мерки што се предвидени во економскиот план. Законот е практично рамка во која нема потреба да се потпишува договор посебно со секоја компанија и да се преговара посебно со секој. Туку со закон ќе биде одредено што точно треба да добие секоја компанија.“ – изјави Кочо Анѓушев – вицепремиер за економски прашања

Анѓушев потврди дека турската „Чагатај кабле“ го склучила и првиот договор според новите владини критериуми за добивање на државни субвенции. Право да конкурираат ќе имаат сите домашни и странски компании. Планот треба да почне да се спроведува од март, односно се чекаат завршните сметки на компаниите кои законски треба да ги достават до крајот на месецот до Управата за јавни приходи. Според Анѓушев, до тогаш треба да завршат и забелешките во однос на законот оти наскоро ќе биде објавен на ЕНЕР – електронскиот систем за увид во законските измени. Инаку, за да се поттикне домашната економија и ЕУ одобри над 3 милиони евра за 25 грантови со кои ќе се подобрува конкурентноста на домашните претпријатија.

Верица Павлоска

Shpërndaj me