Во најголемите горештини, жителите на струшкото село Долно Татеши кое се наоѓа на само 11 километри од Струга се жалат дека се без вода за пиење. Велат дека ваквата ситуација трае подолго време. Кажуваат дека се случува од чешмите да не протече вода и по неколку дена или пак онаа што некогаш ќе дојде во раните утрински часови е недоволно за најосновните потреби. Единствен излез велат дека им се природните бунари кои ги ископале нивните дедовци, но оти и таа вода незнаат со каков квалитет е.

Веќе месец и повеќе како немаме вода. Од „Проаква“ кажуваат дека има вода во Татеши, но еве и вие гледате. Чешмата ја вртам лево десно но еве нема капка вода и камерите на вашата телевизија гледаат. Дојдоа печалбарите без вода не најдоа, без вода не оставија и како дојдат пак овде“.

Некој има бунари некој нема. Од нив земаме со кофи. Месец и половина да се капиш со вода од кофа, тоа го нема никаде. Во ова време да се нема вода, а во вода седиме не е добро“.

Нема вода воопшто. Нема ниту една капка. Има десет дена и повеќе што нема вода. Нема ни за пиење ни за капење. Од другите села земаме со шишиња и носиме за хигиена, за чинии миење. Водата доаѓа од Шум но со прекини“. – велат жителите на Долно Татеши

Овде во Татеши вода нема. Навистина овие жители тука имаат проблеми. Овие од општина не знам што се мислат.Што е за плаќање бараат, но водата ја нема.Ќе мора овие партиите да се заинтересираат за овој народ, гласовите му ги земаат, но кога има мака ги нема никаде“.

Слична е состојбата и во Горно Татеши. Жителите велат дека полнеле вода од соседното село Дрслајца.

Вода нема воопшто. Одиме и полниме вода во Дрслајца. За мене кажувам. Вода имаме, вода немаме. Никој ништо не презема. Има вода во Караорман горе, но мерки не презема никој, ни општина ни Министерство. никој ништо. Жално е што сме тука“.

По сто шишиња полниме вода од селото Дрслајца. Двата бунари се празни.“ – изјавија жителите на Горно Татеши

Во двете села живеат околу 2000 жители. Но од Проаква тврдат дека 90% од селото имало вода но ја добивале со рестрикции на секои 3-4 часа. Во селата каде имало проблеми на повик на граѓани им носеле чиста вода за пиење со цистерни.

Мики Трајковски

Shpërndaj me