Со натпреварот меѓу екипите на Ал Џазира од Саудиски Арапски Емирати и новозеландскиот тим Оукленд Сити, кој ќе се игра на стадионот „Мохамед Бин Зајед“ во Абу Даби, попладнево и официјално ќе започне Светското фудбалско клупско првенство.
Освоената титула минатата година во ова натпреварување ќе ја брани европскиот шампион Реал Мадрид кој како и јужно-американскиот шампион Гремио од Бразил,  ќе се приклучат во полуфиналната рунда.
Во четвртфиналето, закажано за 9 декември, мексиканскиот тим Пачука за противник ќе го има тимот на Казабланка од Мароко, додека јапонскиот состав на Урава Редс Дајамондс, ќе го чека победникот од денешниот дуел меѓу Ал Џазира и Оукленд Сити.
Toa ќе биде и последниот турнир во овој формат, бидејќи ФИФА веќе нов систем во кој ќе бидат вклучени повеќе екипи (пред се од Европа), а истиот ќе се игра и по друг систем, во летните месеци.

Shpërndaj me