Анализата што ја направил Институтот за демократија Социетас цивилис со поддршка од фондацијата Конрад Аденауер покажува пад на поддршката за членство на земјава во Европската унија. Таа е сè уште на високи 77 проценти, но е пониска од претходните истражувања. Клучен фактор зошто се зголемува евроскептицизмот е проблемот со Грција за името. Инаку, според истражувањето, за најголем дел од граѓаните, 26 проценти, Европската унија е најдобар странски сојузник на Македонија. За речиси идентични 25 насто тоа е Русија, а за 17 насто тоа се САД. Најголем процент од Албанците сметаат дека најголем сојузник ни се ЕУ и САД, а за речиси 30 проценти од Македонците, тоа е Русија.

„Симпатиите на граѓаните кон Русија и евентуалното нејзино продлабочено инволвирање може да има негативен ефект врз поддршката за членство во ЕУ, имајќи ги во предвид напорите кои Европската унија ги прави во процесите на демократизација на општеството, финансиската помош што ја добива државата, имајќи предвид дека над 80% од трговската размена на Македонија е кон Европскта унија“. – изјави Зоран Нечев – „Социетас цивилис“

Shpërndaj me