Педесет и деветгодишниот М.В., сопственик на угостителски објект во Дебар Маало, синоќа околу 20.30 часот бил физички нападнат од Љ.С.(33) и Д.С.(23) во локалот. Тие го удирале со тупаници во главата и телото, а потоа почнале да му упатуваат закани. Нападот тој го приваил во 21.20 часот во СВР-Скопје.

– Во еден момент Д.С. почнал да го удира со електрошок и да му пушта струја, нанесувајќи му видливи повреди во вид на црвенило во пределот на целото  тело. Истовремено, според пријавата, напаѓачите почнале да кршат чаши и шишиња како и дел од инвентарот во локалот во присуство на гости. Причина за физичкиот напад било несогласување околу плаќање сметка во локалот. Се работи на расчистување на случајот, соопшти МВР.

Во исто време Љ.С.(33), еден од двајцата напаѓачи на М.В,  пријавил во СВР Скопје дека околу 20.45 часот пред угостителскиот објект во Дебар Маало бил физички нападнат од Р.М.(29) и А.А.(35), коишто го удирале со клоци и тупаници во главата. Причина за физичкиот напад бил претходниот настан што се случил во локалот помеѓу Љ.С. и М.В. Се работи на расчистување на случајот.

Shpërndaj me