Пратениците на СДСМ и на петнаесеттото продолжение на конституивната седница одбија да дебатираат и покрај постојаните апели од нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ. Пратениците од партијата на Никола Груевски продолжуваат да бараат објаснување за платформата на албанските партии која како што велат претставува опасност за интересите на земјата. Тие одбија да ги прифатат аргументите на пратениците од албанските партии коишто тврдат дека оваа Декларација е дел од нивните платформи.

„25 години по ред протестирате против средното образование на албански, против Педагошкиот факултет, против Универзитетот во Тетово, против Охридскиот договор и еве сега против заедничката Декларација. Многу од овие работи се реализирани, но не гледам кој стратешки интерес на Македонците е загрозен.“ – изјави Сурија Рушити, Алијанса за Албанците

„Лидерите на албанските политички партии и порано остарувале средби со официјалните лица на Албанија, ќе се сретнат и сега, но и во иднина и тука нема ништо лошо. Тоа што сега е најважно и за ова Собрание и за државните институции е дека албанските партии делуваат и политички и правно во ова Собрание и оваа легислатива.“ – изјави Фадиљ Зендели, БЕСА

Инаку, денеска имаше слабо присуство на пратениците на СДСМ во собраниската сала , а новото парламентарно мнозинство не го презеде најавениот чекор за деблокирање на седницата и за избор на нов претседател на Собранието.

Фатлуме Дервиши

Shpërndaj me