Вистински хаос владее во Струга. Паднати бандери среде улица, оштетени елктрични столбови, жици кои што висат надолу. Снегот кој што цело деноноќие врнеше предизвика големи проблеми. Во делови од градот и во десеттина населени места од синоќа нема струја, а поради тоа граѓаните се и без вода за пиење. Сообраќајот се одвива во отежнати услови и покрај тоа што се работи на чистење на снегот. Некои од граѓаните сами го чистеа снегот пред дворовите и дуќаните.

Воден снег беше. Струја кај мене нема. Не попречи со работата. Имам пекара и ќе изгубам и пари. И вода немам. Вонредна состојба е“.

Па како секогаш така и сега. Ако нема струја немаме и вода. Нема агрегат за да ги вклучат пумпите за струја. Факт е дека е вистината тоа. Не може да се помине по улици, ниту кола да парќираш. Ништо не функционира“.

Вчера почна да врне снег. Ни го прекина снабдувањето со вода, струја. Улиците се блокирани. Градот е парализиран. Бандерите паднаа, а имаме прекин и со телевизијата“.

Се радуваме на снегот, но гледаме дека секоја година Струга не може да се справи со ова. Нема вода, нема струја. Зошто не се чистат улиците. Блокирани се селата. Народото плаќа, а од друга страна не се исполнуваат барањата. Се е блокирано“.

Блокирано е се. Струја нема, бандери испаднати. Сега тек почнаа да чистат“, велат дел од граѓаните

Во неколку училиштата денеска немаше ниту настава. Дома останаа учениците во Лабуништа, Велешта, Радолишта, Франгово, Заграчани и други села. Дали утре ќе има настава, се уште не се знае.

Од лошите временски услови наставата во селото Франгово е прекината поради овие причини.150 ученици останаа без следење на настава. Причините се тие, снегот и дефектите“, изјави Менсур Даути, раководител на училиште во село Франгово

Локалните власти велат дека се работи интензивно на терен со цел нормализирање на состојбата. На терен биле осум екипи со багери и камиони, но оти најголем проблем останува снабдувањето со вода. Од таму велат дека патиштата во околните населени места се функционални.

Баравме уште вчера од ЕВН да интервенираат. Тие рано утрово почнаа со интервенција на трафостаниците. Некои од нив се оштетени. Една од тие е и трафостаницата од базенот кој го снабдува градот со вода. И други трафостаници се оштетени и сите села во Струга немаат струја“, вели Дашмир Насуфи- општина Струга

Од ЕВН Македонија велат големото невреме проследено со обилни врнежи од дожд и снег го прекина снабдувањето со електрична енергија во југозападниот дел на Македонија. Екипите на компанијата во текот на вчерашниот ден ги санирале дефектите во повеќе населени места, освен онаму каде што имало проблеми со пристапот поради големи наноси од снег и одрони на патот. Од утринава екипите се постојано на терен и како ги санираат дефектите, така населените места се пуштаат под напон. ЕВН ги активирало сите расположливи ресурси, човечки и материјални, со цел побрзо справување со дефектите од невремето.

Сепак, за некои во Струга снегот беше можност да ги изразат своите уметнички способности. Па еден стружанец од снеот направи снежна скулптура на Бетовен.

Мики Трајковски

Shpërndaj me