Излизгани автомобили и камиони, долги редици возила. Ваква беше сликата попладнето на превојот Буково. Обилните врнежи од снег кои се интензивираа во попладневните часови целосно го блокираа сообраќајот на патот меѓу Охрид и Ресен. Патниците кои заглавија со своите автомобили, револтирано од состојбата, ни испратија видео снимки и фотографии каде што се гледа дека Македонија пат воопшто не интервенирала на овој правец. Според последните информации од полицијата, сообраќајт е нормализиран, но се уште важи забраната за движење тешки возила на овој правец. Инаку, снегот ја парализираше и Струга и околината. Во градот наврнаа над 20 сантиметри снег.

Граѓаните со кои разговаравме велат дека поголем проблем има и во околината на Струга.

Сообраќајот кон Богојци се одвива со тешкотии од обилните врнежи од снег. Дојода го исчистија патот но многу врне и пак е отежнат сообраќајот особено за селата Татеши, Брчево,Мислодежда“

Се чисти но има многу снег.Влажен е снегот и го отежна сообраќајот.Мислиме дека ќе биде се во ред“, велат граѓаните

Локалните власти од Струга велат дека интервенирале низ градската чаршија и на кејот на Црни Дрим, но оти тешко оди чистењето поради големите количини на снег. Инаку, вакво е времето низ целата држава а најмногу снег наврна во Маврово, каде тој надмина половина метар.

Мики Трајковски

Shpërndaj me