Врховниот суд сè уште нема закажно јавна седница на која ќе се одлучува дали притворот на бизнисменот Сеад Кочан е законски или не. Од највисокиот суд посочија дека засега нема одредено датум кога пред судиите ќе се најде барањето на обвинителството на Марко Зврлевски-притворот на сопственикот на Телевизија Нова да се укине. Формално не постои пречка да се одлучува за случајот на Кочан и предлогот на Зврлевски не е поврзан со општата сеница на Врховен која се одложи поради изненадната болест на дел од судиите. Засега нема ниту информација кога ќе продолжи прекинатата седница. На дневен ред пред врховните судии беа предлозите на старо новиот Претседател, Јово Вангеловски. Тој бара СЈО да не може да поднесува барања за заштита на законитоста, а прислушуваните разговори од „бомбите“, да не можат да се користат во судница како докази. Предлозите на шефот на Врховен за поранешни судии на овој суд е нелогичен и опасен.

„Доколку судиите бидат на тоа ниво да ги прифатат рефератите на Претседателот, во тој случај ќе удрат таква шлаканица на судството каква што никој не може да удри надвор од судството. Што значи ова, дека судиите сами не одлучуваат и прифаќаат некакви влијанија и идеи“ – изјави Вера Коцо, поранешен врховен судија

Обидот на обвинителството на Марко Зврлевски да го спаси бегалецот, Сеад Кочан од притвор ја вжешти атмосферата во Врховниот суд. Случајот по електронски пат се падна кај екс шефицата на највисокиот суд, Лидија Неделкова. Но Ванегеловски експресно ја смени од казнениот совет кој треба да одлучи дали пониските судови постапиле исправно и на Кочан му одредиле притвор. Од полицијата соопштија дека се уште го бараат Сеад Кочан. По него е рапишана меѓународна потерница а тој е во бегство повеќе од еден месец. СЈО го сомничи дека со лажни документи добил тендер за ископ на јаловина во РЕК Битола во вредност од над 17 милиони евра.

Бојан Стојановски

Shpërndaj me