Владата предводена од Зоран Заев за првите 100 дена успеа да го намали јавниот долг, но не и да го зголеми бруто – домашното производство, да ги зголеми странските инвестиции и да ги реши инфраструктурните проблеми во Визбегово и Арачиново. Ова се дел од оценките на Стопанската комора на северозападна Македонија за првите 100 дена на новата влада.

Со промената на Владата започнаа промените, но не може да очекуваме драстични промени во економијата за толку краток период.“ – рече Џемаил Даути – Управен одбор на СКСЗМ

Сумата од 2,1 милиони евра не е доволна за поддршка на малите и средни претпријатија.

Од оваа стопанска комора, исто така, беше побарано да се редефинира концептот на странски директни инвестиции, да се донесе одлука за приоритети во оваа област и да се развие стратегија со која ќе се обезбеди раст на платите и на бруто домашниот производ.

Ние како земја треба да составиме стратегија, за тоа каде ја гледаме нашата економија за пет или десет години и да гарантираме БДП со раст од над 5%, намалување на невработеноста, зголемување на минималната и просечната плата и долгорочен економски раст. ” – вели Неби Хоџа – Претседател на СКСЗМ

Од СКСЗМ велат дека не може да се обвинува новата Влада за падот на бруто инвестициите за 20 отсто, бидејќи истото се однесува за периодот од јануари до јуни. Тие побараа реформи во судството и што поскоро да се врати правната држава. Исто така, беше побарано деполитизација на државните институции, нешто што најмногу и е потребно на економијата на земјата.

Бесиан Лека

Shpërndaj me