Вкупно 60 милиони денари од проектот „Скопје 2014-та“ ќе бидат пренаменети за енергетски фасади на средни училишта во Скопје. Ова го најави градоначалникот Петре Шилегов, кој вели дека реконструкција ќе има во тринаесет училишта и ќе се направи за време на летниот училишен распуст. Дополнително, предвидени се уште 20 милиони денари за доопремување на училиштата и решавање на внатрешната инфраструктура во зависност од приоритетите на секое училиште. Во Скопје четири училишта се уште се греат на мазут, а градот разгледува алтернативен начин на затоплување и за нив.

Shpërndaj me