Жители на Скопски Север се чувствуваат загрозени од неискастрените дрва по парковите. Поради тежината и ветровите, огромни гранки како овие што ги гледате, често се кршат и паѓаат во парковите каде доаѓаат и деца. Поради оваа опасност, Иса Исаху, кој живее во оваа населба е принуден своите внуци да ги придружува до училиштето, стравувајќи за нивната безбедност.

Моите деца тука играат речиси цел ден. Се разбира дека се загрозени од овие дрва. Внимаваме! Ги држиме пред себе, кога дува ветер ги тргаме и ги носиме внатре“.

27 години живеам во оваа населба, ваква катастрофа немало никогаш! Дрвата се кршат од ветерот, но најголемата опасност е дека децата играат во текот на целиот ден!“ – велат жителите

Од раководството на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ не сакајќи јавно да зборуваат за Алсат-М, велат дека работат на санирање на штетите, но нашата екипа на теренот денеска не виде никого да работи на отстранување на скршените гранки или нивно кастрење. Од „Паркови и зеленило“ дури го спуштија телефонот не сакајќи да дадат повеќе објаснување за нивната работа и за одржувањето на парковите во Скопје.

Бесиан Лека

Shpërndaj me