Два конгреси во различни датуми, различни организатори и на различни места. Ова уште повеќе ја продлабочува кризата меѓу двете групи во Беса. Крилото на Билал Касами вели дека првиот конгрес на партијата е предвиден да се одржи на 24 февруари во Скопје и за тоа беа согласни двете страни на седниците одржани во јануари. Одлуката за одржување конгрес на 18 февруари од приврзаниците на Кахремани ја нарекуваат манипулација со јавноста.

Првиот конгрес на партијата ќе се одржи на 24 февруари 2018 во Холидеј Ин во Скопје. Одлуката е донесена заеднички, членови на Централниот совет вклучувајќи ја тука и групата незадоволни, кои денеска за чудење излегоа со соопштение за да ја манипулираат јавноста дека наводно, Конгресот ќе се одржи на друг датум. Ние сметаме дека доколку не се изјаснат за друго, тие се пратеници на Беса. Ние имаме постојана комуникација со премиерот и придонесуваме во процесот на реформи. Немаме конкретна понуда, но доколку има таква понуда, ние сериозно ќе ја разгледаме“, изјави Абдуш Демири, портпарол на Беса на Билал Касами

Од друга страна, крилото на Неџмедин Кахремани велат дека единствениот и легитимен конгрес на партијата е тој кој е најавен за 18 април во Тетово. Според нив, другата страна е таа која се обидува да манипулира со јавноста со конгресот на 24 февруари. Тие велат дека нема друга Беса освен нивната и дека ја уживаат поддршката на најмалку тројца пратеници во Собранието.

Нема друго крило. Оваа неформална група нема како да ја поканиме, а и нема зошто да ја поканиме. Сите пратеници се на движењето Беса. Најмалку тројца од нив за В.Д претседател го признаваат др. Неџмедин Кахремани. Пред Конгресот не можеме да зборуваме за други комбинации на соработка. После 18 февруари ќе бидеме отворени за комуницирање со сите. И за се. За тоа дали ќе се формира нова партија или ќе се продолжи со истото име и симболи, ќе ве известиме по одлуката на судот. Ние сме Движењето Беса“, велат од Беса на Неџмедин Кахремани

Крилото на Билал Касами исто така велат дека ја има поддршката на пратениците во Собранието се додека истите не се изјаснат поинаку. Тие исто така велат дека одржуваат комуникации со премиерот Зоран Заев и не го исклучуваат нивното евентуално вклучување во владата. Крилото на Кахремани е поумерено кога е во прашање учеството во Владата, што може да се претпостави дека можеби ова е причината за поделбите во Беса. Управниот суд донесе одлука според која разрешувањето на Билал Касами од лидерската функција е неважечка. Исто така и крилото на Кахремани поднесе иницијатива пред суд и чекаат одлука за понатамошните нивни постапки.

Бесијан Лека

Shpërndaj me