Смешни се трдењата дека Северна Кореја е замешана во неодамнешниот масовен кибер напад со вирусот „Вонакрај“, изјави заменик постојаниот претставник на Северна Кореја во ОН, Ким Ин-вон, цитиран од ТАСС.

-Што се однесува до кибер нападот, неговото поврзување со Северна Кореја, е смeшно, изјави дипломатот.

Според него, ваквите тврдења се дел од американската непријателска политика.

-Секој пат, кога ќе се случи нешто чудно, САД и непријателските сили шаблонизирано почнуваат гласна кампања за клеветење на Пјонгјанг, изјави Ким.

На 12 мај хакери се обидоа да упаднат во компјутерите со оперативниот систем „Виндоус“ на 74 земји од светот. За деблокирање на податоците хакерите бараат „рекет“ од 300 до 600 долари во онлајн валутата биткоин. Тие употребија шпионска програма, која е украдена од американската Агенција за национална безбедност.

Според податоците на Европол, најмалку 200.000 физички и правни лица станале жртви на овој кибер напад.

Британските медиуми, повикувајќи се на аналитичар на „Лабораторијата Касперски“ на 16 мај соопшти дека делови од кодот од раната верзија на вирусот „Вонакрај“ биле  употребени од херската група „Лазарус груп“, за која се смета дека е раководена од Северна Кореја.

Shpërndaj me