СДСМ ги разгледува добиените забелешки од ДУИ и од ДР – ДПА на предлозите на партијата на Зоран Заев за условите за формирање на нова влада. Лидерот на СДСМ изјави дека нема да се противи на било кое барање која е во согласност со Уставот и во служба на секојдневните потреби на Албанците.

Потпретседателката на ДУИ Теута Арифи, рече дека очекуваат фер одговор од СДСМ, а оцени дека во целина, има заедничка волја за да се постигне договор.

„Нормално, прашањето на употребата на јазикот, но, исто така и на платформата на политичките партии на Албанците е многу важна, не само за ДУИ, туку и за сите политички партии на Албанците и се надевам да има фер одгвоор со оглед на фактот дека евро – атлантските интеграции на земјата зависат многу од тоа како ќе се движи формирањето на новата влада. Оваа атмосфера на разговорите ја ценам како конструктивна. Траеше повеќе, бидејќи имаше многу детали и желби во однос на надминување на разликите, но јас сум многу убедена дека има заедничка воља за да се постигне договор.“ – изјави Теута Арифи, потпретседател на ДУИ

 

Професорот Осман Кадриу, еден од експертите ангажиран од страна на политичките партии за разгледување на предлогот на СДСМ, оцени дека тој треба да се обработи понатаму. Кадриу вели дека измените за Законот за јазикот не може да се постигнат без разгледување на Уставот, бидејќи и ако поминат како закони, ќе бидат укинати од страна на Уставниот суд. Според Кадриу, некои од неговите забелешки за овој нацрт предлог се дека актите на Собранието кои се наменети за надвор од него, да бидат на два јазика, како и таблата на парламентот, печатите, четвртестите печати за актите кои доаѓаат од надвор, одлуките кои Владата ги праќа во правен промет, ги праќа до Собранието да бидат на два јазика и други забелешки. Сепак, Кадриу вели дека на партиите им предложил и промени за кои има потреба од разгледување, ревизија на Уставот, како двојазичноста во банкноти и одобрување на овие предлози во Собранието со просто мнозинство.Според Кадриу, овие предлози треба да бидат одобрени еден по еден, а не истовремено, за ризикот на одбивање да биде понизок.

Фатлуме Дервиши

Shpërndaj me