Ниту Европската комисија, ниту пак делегацијата на ЕУ во Скопје не коментираат дали Брисел ќе се реши на мерката санкции против политичари во Македонија кои го блокираат процесот на политичко стабилизирање на земјата. Прашани од Алсат М, дали европските земји одделно би усвоиле санкции за Македонија, одговор добивме само од француската амбасада:

“Кризата во Македонија не загрижува, но ние се уште се надеваме дека ќе се најде решение во рамки на институциите и преку дијалог меѓу партиите. Сегашната ситуација му штети на имиџот на државата и создава јасна пречка за натамошните евроинтеграции со доцнење на реформите. Затоа, почитувањето на Копенхашките критериуми останува основа на секаков напредок во ова насока“, стои во одговорот од француската амбасада.

Независно од ова, експертите велат дека не ја исклучуваат можноста за вакви мерки. Директорката на Институтот за европска политика, Симонида Качарска верува дека ЕУ ќе продолжи со дипломатски средства, како што се разговори зад затворени врати, да врши притисок врз политичарите коишто го блокираат процесот за формирање на Влада, а санкциите против нив како што се блокирање на сметки и забрана за слободно движење, според неа, може да се очекуваат индвидуално од земјите членки на ЕУ, но не од ЕУ како целина.

Сепак експертите не ја исклучуваат можноста дека ќе има блокирање или намалување на фондовите кои во различни форми се наменети за Македонија и за кои не е потребен консензус меѓу земјите од Унијата. Слични случаи имаше со ИПА фондовите.

Анеса Алити

Shpërndaj me