За родителите со мали деца нема поголем страв од тоа кога децата се оддалечуваат повеќе од потребното и се губат. Во оваа насока, компанија во Њујорк излезе со идејата да создаде сензор кој се става во патиките на децата. Во моментот кога детето се оддалечува подалеку, сензорот дава сигнал и ја покажува локацијата на детето, во инсталирана апликација на телефоните на родителите. Најновата технологија се вика „Манки Сензор“.

Како родител имав ужасно искуство со дете кој ми се изгуби при прослава. Помислив, да имаше нешто што би покажало каде е моето дете, многу би ми помогнало. Вака, го дизајнирав „Манки Сензор“ само поради оваа причина“. – изјави Ким Гавин- изумител на „Манки Сензор“

Сензорот за прв пат се појави на саем за технологија во Лас Вегас, додека сега е на продажба низ цела Америка.

Шефкије Аласани

Shpërndaj me