Во Кривичниот суд денеска се одложи рочиштето за предметот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство, бидјеќи не се појави една од адвокатите на одбраната.

Во „Труст“ првообвинет е бизнисменот, Сеад Кочан, заедно со Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ, кои се обвинети дека со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ и го оштетиле буџетот за 17 милиони евра.

Предметот е во завршна фаза, но рочиштата неколкупати се одлагаат. Следното рочиште е закажано за 20 февруари.

Денеска продолжи судењето за уште еден предмет на СЈО, наречен „Тарифа“. Во овој предмет првообвинет е поранешниот генерален директор на ЕЛЕМ, Дејан Бошковски и уште две други лица за противзаконска набавка на софтвер за ЕЛЕМ, вреден околу четири милиони евра.

На денешното рочиште беше сослушан сведокот, Жарко Миленковски, кој рече дека неговата фирма, како партнер, требало да учествува во имплементација на документацијата на системот. Рочиштето за „Тарифа“ го следеше и претставник на амбасадата на САД.

Shpërndaj me