Овој пат кинеската Нова Година пристигна порано и тоа во Италија за да изненади илјадници туристи во Рим. Кинеската заедница во главниот град на Италија изложи традиционални производи на историскиот плоштад „Пиаза Дел Пополо“.

Ми се допаѓа што кинеската Нова Година се слави во Рим. Не очекував да ги видам овие прослави тука сум навистина изненаден“, вели еден од туристите

Според традиционалниот кинески Зодијак, оваа година се слави како годината на кучето. Според кинескиот календар, Новата Година во знак на месечината почнува на 16 февруари и секоја година се слави на различни и интересни начини.

Шефкије Аласани

Shpërndaj me