Даниел Рикиардо е пилотот кој има најмногу претекнувања во оваа сезона на Формула 1. Ваквата потврда доаѓа од компанијата за пневматици „Пирели“ која ги снабдува тимовите со гуми од каде ги соопштија првичните статистики. Возачот на “Ред Бул“ има вкупно 43 претекнувања додека најмногу претекнувања се случиле во трката за Големата награда на Азербејџан или вкупно 42. Инаку, возачите кои биле најмалку претекувани се Луис Хамилтон и Макс Ферстапен. Кај тимовите, најмалку претекувани биле Ред Бул и Ферари додека болидот кој има најмногу претекувања вкупно 65 е Ред Бул.

Shpërndaj me