Регулаторната комисија за енергетика бара уште време за анализа дали постојат услови да се врати дневната евтина тарифа на струјата. Иако Владата побара од регулаторите да се изјаснат во рок од една недела, оттаму објаснуваат дека станува збор за сложено прашање за кое треба да се обезбедат дополнителни информации. При тоа, не даваат конкретен рок во кој ќе ја доставата бараната анализа до Владата.

Во однос на ова прашање веќе се одржале неколку состаноци помеѓу претставници на Регулаторната комисија, ЕВН Македонија, Министерството за економија и кабинетот на вицепремиерот Кочо Анѓушев. Во моментов домаќинствата користат евтина струја секој работен ден од 22 часот навечер до 7 часот наутро и цел ден во недела.

Shpërndaj me