Македонската ракометна репрезентација ги прави последните подготовките пред првиот натпревар на Европското првенство во Хрватска против Словенија на 13 јануари. Селекторот на Македонија, Раул Гонзалес беше гостин во отвореното студио на Европската ракометна федерација каде зборуваше за неговите очекувања со Македонија на првенството. Гонзалес смета дека треба да функционираат како екипа и ракометарите да играат заедно, ако сакаат да стигнат до голем успех, додека целото внимание е насочено кон дуелот со Словенија. Инаку, Македонија во група е со Германија, Словенија и Црна Гора.

„Ако бараме шанси за да се пласираме понатаму, мора да се фокусираме на првиот натпревар, а потоа да одиме чекор по чекор. Првиот дуел е против Словенија, тие имаат добри играчи и селектор. Концентрирани сме на првиот натпревар, а потоа ќе имаме време да мислиме на другите средби. За мене фаворит е Германија бидејќи сум ги следел како играат. Играат одлично во одбрана и имаат квалитетни играчи во секоја позиција. Групата е тешка, но исто така и другите групи се тешки“. – изјави Раул Гоналес

Shpërndaj me