Актуелниот ракометен првак на Европа, Вардар во сабота во рамките на Лигата на шампионите ќе се соочи со гигантот Барселона и тоа во Скопје. Победникот ќе го освои првото место на табелата, а исто така ќе биде и чекор поблиску до пласман во четвртфиналето.

В сабота играме со Барселона. Се работи за најсериозниот кандидат од почетокот на сезоната. Имаат искусен тим и знаат како да играат во вакви натпревари. Можеме да ги победиме само со добра игра во одбраната. Ние сме слични со Барселона и очекувам тврд натпревар. Добро се познаваме и не треба да играме како на Суперглоб“. – изјави Раул Гонзалес- тренер на РК Вардар

Ракометарите на Вардар се свесни дека на овој дуел не треба да се дозволат многу грешки бидејќи Барселона ги искористува максимално.

Вардар против Барселона има само една победа и тоа на фајнл форот во Келн, додека во сабота во Скопје ќе се обидат да ја остварат четвртата победа сезонава. Исто така Вардар ја очакува првата победа на домашен терен.

Сафет Адеми

Shpërndaj me